ДИК: Пречистување на избирачкиот список

22.01.2016 10:17

Буџетот на ДИК е 8 милиони евра. Покрај тековните потреби, најмногу пари ќе се потрошат на спроведувањето на изборните активности.

Милка Христова од Изборна единица 3 ќе седне на пратеничкото место на Емил Димитриев- едногласно одлучија членовите на Државната изборна комисија. Го усвоија и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2016 година.

Буџетот на ДИК е 8 милиони евра. Покрај тековните потреби, најмногу пари ќе се потрошат на спроведувањето на изборните активности.

Како трета точка на дневниот ред беше процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција.

Проверката ќе се прави врз основа на податоците од 13 институции. Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Катасатар, Управа за јавни приходи.

Со девет гласа ЗА, ниту еден против, е донесена процедурата за проверка на податоците.