Поради дефект, прекин на водоснабдувањето во дел од Општина Аеродром

22.01.2016 10:26

Според известувањето од Јавното претпријатие Водовод и канализација, до 15 часот, вода ќе немаат корисниците од високата зона на булеварот „АВНОЈ“ од број 2 до број 20, Булевар „Јане Сандански“ зграда 3, 5, и 9 и жителите на улиците „Бојмија“, „Методија Шаторов Шарло“ и „Анастас Митрев“.

Поради уличен дефект на цевка со пресек од 150 милиметри на булеварот „АВНОЈ“, во Општината Аеродром е прекинато водоснабдувањето.

Според известувањето од Јавното претпријатие Водовод и канализација, до 15 часот, вода ќе немаат корисниците од високата зона на булеварот „АВНОЈ“ од број 2 до број 20, Булевар „Јане Сандански“ зграда 3, 5, и 9 и жителите на улиците „Бојмија“, „Методија Шаторов Шарло“ и „Анастас Митрев“.

Граѓаните на располагање ќе имаат цистерна со вода, која ќе биде поставена кај Мајчин дом, а од 12 до 13 часот, цистерната ќе биде лоцирана кај Трговскиот центар „Три Бисери“.