Сомалија: Терористички напад во ресторан во Могадишу
22.01.2016 10:30
Агенциите пренесуваат дека во нападот учествувале пет лица и дека пред влезот во ресторанот активирале бомба.

Најмалку 20 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во напад на припадниците на исламистичката група Ал-Шабаб врз популарен ресторан во Могадишу, главниот град на Сомалија.
Агенциите пренесуваат дека во нападот учествувале пет лица и дека пред влезот во ресторанот активирале бомба. Полицијата успеала да преземе контрола врз ресторанот, спасувајќи голем број луѓе кои останале заробени внатре.
Министерот за безбедност, Омар Мохамед, изјави дека четворица од напаѓачите се убиени, а петиот е уапсен.
Исламистичката екстремистичка група Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
