Седници на две собраниски комисии
22.01.2016 09:24
На дневен ред на седниците на двете комисии е резимето на одржаните експертско-комисиски расправи...

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана.
На дневен ред на седниците на двете комисии е резимето на одржаните експертско-комисиски расправи со презентација и препораки на Центарот за безбедност, развој и правда.
