Каиро: Најмалку 6 загинати во експлозија во Гиза
22.01.2016 10:39
Полицајците спроведувале рација во стан на осомничени екстремисти, кои во тој момент подготвувале бомба која детонирала.

Шест лица, вклучувајќи тројца полицајци загинааа, а 17 лица беа повредени во експлозија на бомба во Каиро, во туристичкиот кварт Гиза.
Полицајците спроведувале рација во стан на осомничени екстремисти, кои во тој момент подготвувале бомба која детонирала.
Министерството за внатрешни работи на Египет објави дека полицијата имала информации дека членови на терористичката група Муслиманско братство подготвувале агресивни бомбашки напади во следните денови.
