Тројца загинати во снежно невреме во САД

22.01.2016 10:42

Во текот на денешниот ден и утре, наместа се очекува снежна покривка и до 60 сантиметри, особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.

Најмалку три лица загинаа во изобилните снежни врнежи во повеќе региони на источниот брег и во централниот дел на САД.

Во текот на денешниот ден и утре, наместа се очекува снежна покривка и до 60 сантиметри, особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.

Невремето предизвика проблеми во сообраќајот во повеќе американски држави, а илјадници летови беа откажни или имаа задоцнувања.

Две лица загинаа во автомобилска несреќа во Северна Каролина, а едно во Тенеси.