Пронајдени тела на бегалци во Егејското Море

22.01.2016 10:55

Десет лица преживеале, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на уште преживеани.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека најмалку 21 лице загинало во два одделни инциденти со потонати чамци крај бреговите на грчките острови во текот на изминатата ноќ.

Десет лица преживеале, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на уште преживеани.

Во друг инцидент потонал исто така дрвен чамец, во кој патувале неодреден број луѓе. Тоа се случило кај островот Калолимнос.

Крајбрежната стража спасила 26 лица и открила 14 тела.