Албанија амнестира 900 затвореници

22.01.2016 11:25

Со амнестијата се опфатени и 180 лица барани од албанските власти...

Вкупно 900 осуденици беа ослободени вчера попладне од албанските затвори, откако во сила стапи Законот за амнестија, додека 8 илјади, кои биле осудени пред 30 ноември 2015 година, добија намалување на казните.

Со амнестијата се опфатени и 180 лица барани од албанските власти кои се јавиле во затворите во текот на потрагата.