Издадени 887 потврди на мигранти за изминатите 24 часа
Од почетокот на годината досега, се издадени потврди на вкупно 36.804 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 18.280, Авганистан- 11.845 и Ирак- 6.676.

За 24 часа издадени се вкупно 887 потврди на странски државјани, соопшти МВР. Најбројни се Aвганистанците- 397, потоа од Сирија- 358 и од Ирак- 132 лица.
Од почетокот на годината досега, се издадени потврди на вкупно 36.804 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 18.280, Авганистан- 11.845 и Ирак- 6.676.
Во периодот од 1 јануари до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Во прифатниот центар се евидентирани вкупно 43 баратели на азил, информираат од МВР.
