Објавен новиот конкурс за пилоти во АРМ

22.01.2016 12:20

Од одбраната со апел до сите млади лица кои ги исполнуваат условите, да се пријават за оваа уникатна можност да бидат армиски пилоти.

Министерството за одбрана го објави новиот конкурс за пилоти во Aрмијата на Република Македонија. Од одбраната со апел до сите млади лица кои ги исполнуваат условите, да се пријават за оваа уникатна можност да бидат армиски пилоти.

Селекцијата на кандидатите ќе се прави со тестирања и психофизички проверки кои треба да се поминат пред да се почне со летачките активности.

На крај способноста на кандидатот ќе се потврди во 10 летови на авионот „Злин“.

Центарот за обука на пилоти е еден од најсофистицираните од овој тип во светски рамки. Поседува два модерни симулатори на хеликоптерите МИ-8, МИ-17 и МИ-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.