Оглас за субвенции во земјоделска опрема и механизација
22.01.2016 12:25
Финансиската подршка се иплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот и тоа 50 насто од вредноста.

Објавен е огласот за субвенции во земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култруи. Аплицирањето е електронски и трае до 20- ти февруари.
Финансиската подршка се иплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот и тоа 50 насто од вредноста.
Ставката се зголемува кога баратели се млади земјоделци. До 75 насто покривање на трошоците од државната каса може да добијат земјоделските стопанства лоцирани во недостапни рурални заедници.
