„Ендава“ вработи над 100 ИКТ професионалци
Канцеларијата во Скопје веќе се профилирала како значаен центар за испораки во странство. Планот е во следните три до четири години бројот на вработени да се зголеми до 400 луѓе...

Британска „Eндава“ досега вработила 100 професионални од информатичко – комуникацискиот сектор. Од компанијата велат дека канцеларијата во Скопје веќе се профилирала како значаен центар за испораки во странство. Планот е во следните три до четири години бројот на вработени да се зголеми до 400 луѓе.
Од компанијата велат дека во земјава има стабилно бизнис-опкружување, а како резултат на блиските врски меѓу универзитетите и ИТ-заедницата, во оваа област има повеќе од 8.000 професионалци и тој постојано се зголемува.
Оваа компанија во светски рамки брои повеќе од 2.500 вработени.
