Играчите единствени до крај
По најновите настани во македонската ракометна репрезентација врзани за изјавата на Бранислав Ангеловски сето внимание место кон мечот со Шпанија е насочено кон внатрешните односи во селекцијата.

По најновите настани во македонската ракометна репрезентација врзани за изјавата на Бранислав Ангеловски сето внимание место кон мечот со Шпанија е насочено кон внатрешните односи во селекцијата.
По најавите дека за Ангеловски шампионатот е завршен и дека треба под итно да ја напушти репрезентацијата уште по поразот од Исланд, на заеднички состанок во хотелот Скандик во Хернинг нашите репрезентативци решиле дека до крај остануваат заедно и дека никој нема да замине од селекцијата пред завршување на последниот натпревар.
На брањето на официјален став од репрезентативците капитенот Кирил Лазаров одговори дека со официјален став ќе излезе по соопштување на ставот на водечките луѓе на ракометната федерација.
