Средба на премиерот Димитриев со членовите на ДИК

22.01.2016 13:05

Буџетот на ДИК изнесува 8 милиони евра. Покрај тековните потреби, најмногу пари ќе се потрошат за спроведување на изборните активности.

Во тек е средба на претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, со членовите на Државната изборна комисија.

Вчера комисијата го усвои и годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2016-та. Буџетот на ДИК изнесува 8 милиони евра. Покрај тековните потреби, најмногу пари ќе се потрошат за спроведување на изборните активности.

Што се однесува до процедурата за користење и обработка на личните податоци при вршење вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција, ДИК реши   проверката да се прави врз основа на податоците од 13 институции- Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Катасатарот и Управата за јавни приходи.