Закана за бомба на лет за Стокхолм

22.01.2016 13:48

Авионот слетал на аеродромот Ландветер, на западниот брег на Шведска, а експерти за експлозив го прегледуваат леталото.

Авион на скандинавската компанија САС со 72-лица, кој летал на линија Лондон-Стокхолм бил пренасочен кон Гетеборг поради закана за бомба.

Портпаролот на полицијата изјавил дека биле евакуирани сите патници и членови на екипажот. Авионот слетал на аеродромот Ландветер, на западниот брег на Шведска, а експерти за експлозив го прегледуваат леталото.

Заканата била упатена на контролата за летање, додека авионот се наоѓал во воздух.