Интензивна комуникација Влада- ДИК за фер избори
Со интензивна комуникација меѓу Владата и ДИК се создаваат услови за реализирање на изборите на 24-ти април, изјави претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев на средбата со претставници на ДИК, на која присуствуваа и министрите...

Премиерот Димитриев е убеден дека со поинтензивна комуникација меѓу Владата и Државната изборна комисија ќе се создадат услови за реализирање на изборите на 24-ти април. Претпочита комуникацијата да биде водена преку вакви средби, бидејќи според Димитриев, проблемите може да се решаваат на самото место.
„Сметам дека преку оваа форма ќе имаме најдобра можност и начин да ги решаваме проблемите. Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени. Јас верувам во капацитетот на моите соработници. Знам дека и вие сте на линија да направиме што е можно повеќе, максимум да направиме изборите да бидат организирани на фер и демократски начин“, вели Емил Димитриев, претседател на Владата за спроведување на парламентарните избори.
Претходно членовите на ДИК се изјаснија дека ги чекаат забелешките од партиите за да се почне со проверка на избирачкиот список. Финасиските потреби на реформирана комисија за оваа година, изнесуваат 8 милиони евра, при што најголемиот дел ќе бидат наменети за подготовка и реализација на предвремените парламентарни избори.
ДИК едногласно усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пак, најави дека средства ќе бидат одобрени за сите кадровски и други потреби на комисијата.
Фиљана Кока
