Неповратни средства за вработување за лица со инвалидност

22.01.2016 15:10

Вкупно 165 компании добија неповратни 140 милиони денари за вработување лица со инвалидност. Средства ќе добијат и лицата кои сакаат да се самовработат и да почнат сопствен бизнис...

Сашо Кондоски од Прилеп и Маријанчо Ѓорѓиевски од Делчево добиле неповратни средства од посебниот фонд за вработување лица со инвалидност. И двајцата имаат инвалидитет, сами се вработиле почнувајќи сопствен бизнис со пари што ги добиле од Агенцијата за вработување.

Неповратни средства од посебниот Фонд за вработување лица со инвалидност денеска беа поделени на 69 компании кои аплицирале во 2015-та. На вкупно 165 компании им се доделени 140 милиони денари.

Во Агнецијата се останати уште седумдесетина барања, кои според директорот Поповски ќе бидат решени во февруари. Тој потсети дека помош ќе има за сите компании што вработуваат лица со инвалидност, како и за лицата со инвалидитет коишто сакаат да се самовработат.

Освен пари, центрите за вработување нудат и помош при изработка на бизнис-план, за основање на компанија и за обуки.

 

Наташа Јанчиќ