Курц: Ограничувањето на бројот на бегалци - повик за будење
22.01.2016 15:20
Австрија во средата соопшти дека ќе го ограничи бројот на примени баратели на азил на 37.500 во 2016 година...

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц изјави дека одлуката на Виена да постави горна граница на бројот на баратели на азил кои ќе ги прими претставува „повик за будење“ за Европа да најде заедничко решение за мигрантската криза.
Австрија во средата соопшти дека ќе го ограничи бројот на примени баратели на азил на 37.500 во 2016 година, што за повеќе од половина помалку во споредба со 90.000 барања на азил што ги прими минатата година.
