Попис на пчели- еднаш годишно
Наместо двапати, во иднина пописот на пчелите ќе биде еднаш годишно. Пчеларите оваа обврска треба да ја завршат до 15 април.

Наместо двапати, во иднина пописот на пчелите ќе биде еднаш годишно. Пчеларите оваа обврска треба да ја завршат до 15 април.
Секоја година на 1 април пчеларите треба да направат попис на пчелните семејства на своето одгледувалиште.
Податоците се за овластено ветеринарно друштво, а евиденцијата треба да ја чуваат најмалку три години.
Настанатите промени веднаш се внесуваат во Регистарот.
Во електронската база на податоци што ја води Агенцијата за храна и ветеринарство се внесуваат резултатите од пописот, здравствената состојба на пчелите и мерките за ограничување на движењето.
Регистрираните пчеларници од ветеринарното друштво добиваат и идентификациска табла која доколу се оштети или се загуби, мора да се замени со нова.
Трошоците се на товар на пчеларот.
Методија Трајков
