Ново светилиште во Евродијаспората
За нив осветувањето на крстилната – параклис посветена на Свети Јован Крстител е потврда за нивната сплотеност. Потврда на желбата која ја носат да го зачуваат идентитетот, верата, црквата.

Во Италија со престој и работа има околу 10 илјади македонци, дел од нив сезонски работат, но има и фамилии кои живеат овде веќе две децении. За нив осветувањето на крстилната – параклис посветена на Свети Јован Крстител е потврда за нивната сплотеност. Потврда на желбата која ја носат да го зачуваат идентитетот, верата, црквата.
Ако пред осум години скромно го осветија иконостасот поставен во изнајмена црква, денес се радосни затоа што во недела, чинот на осветувањето ќе биде печат за сработеното. Несебично се даваат и одвојуваат време, за да се вградат себеси и да остават печат за нивните поколенија.
Црквата е матицата на македонскиот народ без разлика дали е во татковинта или надвор од неа. Во регионот на северна Италија има две црковни општини, едната во Пјаченца, а другата овде во Неиве.
Јулијана Тануровска
