Македонски компании на саем во Кина

22.01.2014 09:43

Оваа можност им ја нуди Стопанската комора на Македонија во соработка...

Македонските компании ќе имаат можност да се презентираат на најголемата саемска манифестација во Кина „115th China Import and Export Fair - Canton Fair 2014”.
 
Оваа можност им ја нуди Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија, со цел да ги запознае компаниите со годинашниот саем, кој е  прогласен за „Кинески саем број 1“. 
 
Саемот се одржува на изложбен простор од над 1,1 милион квадратни метри и 55.000 штандови.
 
Со учеството на овој саем, македонските компании ќе можат да се запознаат со условите, можностите и бенефитите на саемските манифестации во Гуангжу, кои ја отвораат вратата за промовирање на македонското стопанство не само во провинцијата Гуангдонг туку и пошироко на пазарите на НР Кина.