Чичаковски на средба со амбасадорката на ОБСЕ

22.01.2016 17:17

Владата и отстапи простор на Комисијата за времено користење, во кој освен стручната служба ќе бидат сместени и ИТ тимовите и консултантите кои во претстојниот период ќе бидат ангажирани за вкрстените проверки на избирачкиот список...

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска на работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен.

Владата и отстапи простор на Комисијата за времено користење, во кој освен стручната служба ќе бидат сместени и ИТ тимовите и консултантите кои во претстојниот период ќе бидат ангажирани за вкрстените проверки на избирачкиот список со базите на податоци кои ќе бидат побарани од релевантни институции, рекол Чичаковски.

Претседателот на ДИК нагласил дека дури потоа ќе настапи процес на теренска проверка на избирачкиот список, во која ќе бидат вклучени и претставници од четирите најголеми политички партии.