Пријавување данок за земјоделците до 31-ви јануари

25.01.2016 10:11

До 31-ви јануари годинава земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување ако имаат приход помал од 1,3 милиони денари. Парите од субвенциите не влегуваат во оваа сума...

Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободени од плаќање данок на доход.

За заработени повеќе од 21 илјада евра или кога земјоделството е дополнителна дејност данок е само 20 проценти.

Со паушалната наплата, според Управата за јавни приходи, работата на фармерите се олеснува и немора да водат деловни книги.

Основа за пресметување на данокот е разликата меѓу остварениот вкупен приход и признатите трошоци.

Субвенциите не се вклучени во пресметките.

 

Методија Трајков