Почнува судењето за случајот „Поткуп“
Обвинението против Заев, скопското Основно јавно обвинителство го поднесе во јуни минатата година. Според неговата одбрана, нема докази што укажуваат на сторено кривично дело.

Во скопскиот Кривичен суд е закажано рочиштето против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет дека, во својство на градоначалник на Струмица примил поткуп од 200 илјади евра за да изврши легализација на државно земјиште.
Обвинението против Заев, скопското Основно јавно обвинителство го поднесе во јуни минатата година. Според неговата одбрана, нема докази што укажуваат на сторено кривично дело.
По јавната седница, судот ги одби приговорите на адвокатите, и го прифати обвинението.
Во Кривичниот суд, против Заев, како четвртообвинет, е во тек и судскиот процес за случајот „Пуч“. По седум одложувања, ново рочиште за „Пуч“ е закажано на 2-ри март.
