Седници на две собраниски комисии, продолжува 85-тата пленарна сесија
Народните избраници, на пленарната седница треба да расправаат по дополнителниот предлог на Законот за одбрана и новиот Закон за медицинските сестри и акушерките.

Во Собранието седници на две собраниски комисии и ново продолжение на 85-тата пленарна сесија. На Комисијата за финансирање и буџет е предлог одлуката за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници за реалокација на средствата за 2016 година, со цел обезбедување пари за реализација на финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
За Специјалното јавно обвинителство се предвидува да се издвојат околу 4 милиони евра, од кои поголем дел се наменети за плати.
Членовите на Комисијата за образование треба да се произнесат за новото законско решение за формирање нов Универзитет за национална безбедност и одбрана „Дамјан Груев“.
Народните избраници, на пленарната седница треба да расправаат по дополнителниот предлог на Законот за одбрана и новиот Закон за медицинските сестри и акушерките.
