Осветена нова крстилна параклис во Ниеве, Италија

24.01.2016 17:57

Духовно сѐ повеќе растете и се радувам на вашиот успех, оти тој е заеднички, со овие зборови надлежниот Архиереј митрополитот европски Пимен им се обрати на верниците.

Колку нѐ има повеќе на Богослужба толку е поголема радоста. Црквата „Свети Архангел Михаил“ во Неиве беше претесна за верниците кои дојдоа на Света Архиерејска Литургија, за потоа да бидат дел од осветувањето на новата крстилна параклис посветена на Свети Јован Крстител.

Духовно сѐ повеќе растете и се радувам на вашиот успех, оти тој е заеднички, со овие зборови надлежниот Архиереј митрополитот европски Пимен им се обрати на верниците.

Црквата е наша матица, и ако не е таа ќе не можеме да се видиме, и денешниот освет на крстилната параклис е потврда на нашата сплотеност, во еден глас го споделуваат чувството, Македонците кои живеат и работат во Италија.

На денешниот освет беа прустни и преставници од локалната власт на областа Пиенмонте каде живеат и работат околу десет илјади македонци дел од нив се со привремен престој.

Македонската Православна црква/ Европска епархија има регистрирано 35 црковни општини. Минатата година беше осветен првиот храм во Германија во Мајнц, а во Италија има две во Неиве и Пјаченца.

 

Јулијана Тануровска