ИД објави видео со напаѓачите во Париз
25.01.2016 10:45
Автентичноста на снимката не е потврдена, а француското Министерство за надворешни работи одби да даде коментар.

Џихадистите од Исламска држава објави видеоснимка, која, како што тврдат, ги покажува последните зборови на деветмината напаѓачи кои на 13 ноември минатата година во Париз убија 130 лица.
Автентичноста на снимката не е потврдена, а француското Министерство за надворешни работи одби да даде коментар.
Видеото беше објавено на официјалниот сајт на ИД и на него се прикажани некои од напаѓачите, облечени во маскирна облека во пустински предел пред нападите во Париз.
