Силен земјотрес во Средоземно Море меѓу Мароко и Шпанија

25.01.2016 10:52

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета, а нема опасност ниту за цунами.

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтер е регистриран изутрината меѓу Мароко и Шпанија.

Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета, а нема опасност ниту за цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 62 километри северно од мароканскиот град Ал Хосеима и на 164 километри југозападно од Гибралтар.