Шведска: Затворен универзитетот Еребро поради закана
25.01.2016 11:00
Универзитетот на својата интернет страница објави дека им била упатена директна закана преку андроид апликацијата „Јодел“, по што во консултација со полицијата било решено денеска универзитетот да биде затворен.

Универзитoтот Еребро кој се наоѓа во централна Шведска денеска ќе остане затворен поради анонимна закана која поттикна стравувања од можен масакр.
Универзитетот на својата интернет страница објави дека им била упатена директна закана преку андроид апликацијата „Јодел“, по што во консултација со полицијата било решено денеска универзитетот да биде затворен.
Во октомври минатата година слична закана беше упатена и на универзитетот Лунд, на југот од Шведска поради што беше затворен на еден ден.
