САД: Расчистување по снежната бура
25.01.2016 11:01
Десетици илјади корисници сѐ уште се без електрична енергија. Аеродромите во Њујорк, Филаделфија и Балтимор постепено ја обновуваат работата.

Во источниот дел на САД почна расчистување по силното снежно невреме, што го погоди регионот во текот на викендот. Снежната покривка, која во Вашингтон достигна и до 90 сантиметри, го стопира поголемиот дел од сообраќајот во Њујорк и поплави дел од Њу Џерси.
Десетици илјади корисници сѐ уште се без електрична енергија. Аеродромите во Њујорк, Филаделфија и Балтимор постепено ја обновуваат работата.
Но, и покрај тоа се откажани околу 4 илјади летови за денеска и за утре.
