Овации за Битолскиот народен театар во Санкт Петербург

25.01.2016 11:05

Ова е прво режисерско остварување на Цветановски во Битолскиот театар, а актерите Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис.

Со силен аплауз и овации поздравен настапот на Битолскиот Народен театар, кој синоќа во реномираниот театар „Достоевски“ во Санкт Петербург, ја изведе претставата „Последната ноќ“ во режија на Андреј Цветановски.

Ова е прво режисерско остварување на Цветановски во Битолскиот театар, а актерите Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис.

Ова е прво меѓународно гостување на Народниот театар од Битола во Руската Федерација.

Се реализираше со поддршка од Министерството за култура, а до крајот на годинава се предвидени и гостувања во Соединетите Американски Држави и во Израел.