Одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ поради службени обврски на Заев

25.01.2016 11:59

Обвинението против Заев, скопското Основно јавно обвинителство го поднесе во јуни минатата година.

Во скопскиот Кривичен суд одложено рочиштето против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет дека, во својство на градоначалник на Струмица примил поткуп од 200 илјади евра за да изврши легализација на државно земјиште.

Причина, како што образложи неговиот адвокат се неодложните службени обврски. Обвинението против Заев, скопското Основно јавно обвинителство го поднесе во јуни минатата година.

Одбраната смета дека нема докази што укажуваат на сторено кривично дело.