Објавен оглас за субвенции за сончеви колектори
Право на учество на јавниот оглас имаат оние кои ќе купат и вградат во своите домови соларни колектори во периодот од 21-ви јануари до 31-ви мај. Субвенцијата е до 30 проценти од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност.

И годинава ќе се делат субвенции за граѓаните кои ќе вградат сончеви колектори. Барањата ќе се поднесуваат до 31-ви мај годинава. Субвенцијата е до 30 проценти од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност.
Право на учество на јавниот оглас имаат оние кои ќе купат и вградат во своите домови соларни колектори во периодот од 21-ви јануари до 31-ви мај.
Услов е да го немаат искористено правото на претходно објавените јавни огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори.
Јавното извлекување ќе се одржи на 4-ти јуни.
