Турската полиција уапси 10 осомничени членови на ИД
25.01.2016 12:43
Антитерористичката операција била спроведена рано изутринава, но во извештајот на Агенцијата не се посочува каде е изведена.

Турската полиција уапси 10 лица за кои постои сомнеж дека врбувале борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.
Антитерористичката операција била спроведена рано изутринава, но во извештајот на Агенцијата не се посочува каде е изведена.
При акцијата полицијата пронашла и илегално оружје и конфискувала повеќе документи.
