Платите во зоните слични на просекот во индустриските гранки

25.01.2016 13:06

Советот на странски инвеститори изработува база на податоци за сите производи и услуги што домашните фирми можат да им ги испорачуваат на странските компании во слободните економски зони.

Платите во ТИРЗ-овите се слични на просекот во индустриските гранки, велат од Советот на странски инвеститори. Според истражувањето на Советот, кое ги земало предвид само индустриските сектори застапени во зоните, нето-платата на ниво на Македонија во тие индустрии е 17.555 денари, додека во зоните е 16.143 денари. На оваа сума вработените добиваат плус 5.000 денари месечно ако не им се обезбедени превозот и храната.

Советот на странски инвеститори изработува база на податоци за сите производи и услуги што домашните фирми можат да им ги испорачуваат на странските компании во слободните економски зони.

Да се зголеми квалитетот на производите и на услугите кои домашните компании ги пласираат, и треба да ги пласираат за потребите на странските компании. На тој начин индиректно ќе влијаеме на зголемување на бројот на вработени, на зголемување на степенот на извоз како репроматеријали и услуги према Европа, и трето- на зголемување на додадената вреднсот, изјави потпретседателката на Советот на странски инвеститори Ирена Јакимовска.