МОН: Екстерното тестирање на матурантите се одвива непречено
Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, се вели во соопштението.

Започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование, кој ќе трае заклучно со 29.1.2016 година, соопштуваат од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, во овој момент процесот се одвива непречено, а во дел од училиштата е и целосно завршен, се вели во соопштението.
Во оваа фаза процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.
