50 жртви во студениот бран во Азија

25.01.2016 13:59

Студен бран ги погоди јужниот дел на Кина и Јапонија, како и Хонг Конг каде што температурата изнесуваше три степени, што е најниска изминативе 60 години.

Најмалку 50 лица настрадаа на Тајван, додека во Јужна Кореја 60 илјади туристи останаа заробени на аеродромите поради откажување на летовите, како последица на студениот бран, што ја погоди источна Азија.

Студен бран ги погоди јужниот дел на Кина и Јапонија, како и Хонг Конг каде што температурата изнесуваше три степени, што е најниска изминативе 60 години.

Во Јапонија настрадаа најмалку пет лица, додека повеќе од сто се повредени. Ниски температури се забележани и во Виетнам и на Тајланд.