Мировни преговори за Сирија во Монтре

22.01.2014 10:44

Сириската влада и опозицијата за прв пат денеска седнаа на заедничка маса во швајцарскиот град Монтре, со цел да го почнат процесот за разрешување на тригодшната граѓанска војна во земјата, пренесува „Ројтерс“.

Ова е нивни прв состанок по почетокот на конфликтот во март 2011 година. Сириската мировна делегација ја предводи шефот на дипломатијата Валид ал Муалем.

На конференцијата учествуваат претставници на сириската Влада, на сириската опозиција, делегации од над 30 држави, меѓу кои и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери.

Домаќин на конференцијата е генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун.

По конференцијата, в петок во Женева е предвидено да почнат преговорите меѓу делегацијата на сириската опозиција и на сириската Влада.

Целта на конференцијата е да се договори патоказ за Сирија врз база на договореното од јуни 2012 година од страна на САД, Русија и други големи сили. Со тој план е предвидено формирање преодна влада, а подоцна и организирање избори.

Според ОН, во речиси тригодишната граѓанска војна во Сирија загинаа над 100.000 луѓе, додека околу четири милиони се раселени.