Слики од Монмартр за Тоше
Со торта и доделување на освоените награди на минатогодишните меѓународни настапи, маладите ликовни амбасадори го одбележаа денот на кој и нивното студио и нивниот миленик, прерано починатиот музички амбасадор Тоше Проевски, наполнуваат 35 години од раѓањето.

Ако Тоше е музичката легенда, неговите најмлади фанови се легендите во детското ликовно творештво. Мисијата иста со своите уметнички квалитети да се афирмира сопствената земја ширум светот. Освен мисијата ги поврзува и денешниот ден нивното студио и нивниот миленик наполнуваат 35 години. Ден кога ликовните творци, освоените награди од меѓународните настапи од пртходната година ги посветуваат на нивниот миленик. Досега се пристигнати само 40-ина од вкупно освоените, но и тие се доволни за да потврдат зошто овие деца се нераскинлив дел од секој позначаен светски ликовен настан.
„Мило ми е што добив најмногу награди, речиси ги има од сите земји каде настапував. Ова е од Хонк Конк, а останатите се од Полска, Јапонија и Канагва“, вели најнаградениот 11- годишен Наум Михајловски.
„Веке некојку години сум член на студиото, најмногу се радувам на меѓународните награди, досега три години сум меѓународно наградувана и вкупно имам освоено десет признанија“, вели Андреја Коруновска.
Битола е позната по многу нешта, но емоциите се најголеми кога светската афирмација ја носат најмладите генерации.
„Децата не само што творат убаво, туку нивните творби без виза и пасош патуваат низ целиот свет. На нив сум горд како педагог, горди се нивните родители, баби и дедовци затоа што на градот му донесоа светска ликовна слава“, вели раководителот на детското студио „Св. Кирил и Методиј“, Коста Хаџиантоновски.
Како што доликува на ваков ден ги запалија и свеќите на тортата посветена на два родендени. Велат и понатаму вака ќе биде на овој ден затоа што нивниот завет е одамна кажан- Тоше има само ден на раѓање.
Стевче Митревски
