Лани 148 лица загинале во сообраќајка

25.01.2016 15:13

Лани имало 3.850 сообраќајки, во кои загинале 148 лица. МВР со превентивни, едукативни и репресивни мерки во наредниот период ќе ја подобрува безбедноста во сообраќајот. Дебата во организација на Републичкиот совет за безбедност, со учество на претставници од државните институции, од јавниот и од приватниот сектор, и универзитетски професори и експерти...

3.850 сообраќајни несреќи евидентирала полицијата минатата година. 839 граѓани се здобиле со тешки телесни повреди. Според надлежните- бројките говорат за ниско ниво на свест и сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот.

Со превентивни, едукативни и репресивни мерки, МВР ќе ја подобрува безбедноста во сообраќајот.  И преостанатите институции со заеднички активности ќе ја зголемуваат безбедноста во сообраќајот. Целите треба да се рализираат во наредните четири години.

Според Републичкиот совет, унапредувањето на сообраќајната инфраструктура е битен фактор за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

Годинава треба да почне градбата и рехабилитација на околу 40 километри автопатски делници и 220 километри на магистрални и регионални патишта.

Од Републичкиот совет сметаат дека една од преземените мерки во новиот Закон за безбедност во сообраќајот со кој брзината на движење се намали до 50 километри на час во населените места ќе резултира со помалку сообраќајки во иднина.

 

Наташа Јанчиќ