ПССЕ со мониторинг мисија за изборите

25.01.2016 15:17

Изборите во Македонија ќе ги набљудуваат 20 членови предводени од Стефан Шенах, досегашен претседател на Мониторинг комитетот.

Парламентарното собрание на Советот на Европа, на првиот ден од редовната зимска сесија во Стразбур ја избра својата Мониторинг мисија за парламентарните избори во Македонија на 24-ти април.

Изборите во Македонија ќе ги набљудуваат 20 членови предводени од Стефан Шенах, досегашен претседател на Мониторинг комитетот.

За нов претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа е избран Педро Аграмунт од Шпанија, кој ќе има мандат од две години.