Се бараат локации за нови индустриски зони

25.01.2016 15:22

Со цел да се унапредат условите за привлекување странски инвестиции, владата почна да бара локациии за изградба на уште најмалку 10 индустриски зони. Нивното отворање ќе значи и поддршка за домашниот бизнис сектор, кој за малку пари ќе може да купи земја со комплетно уредена инфраструктура, на која ќе може да се градат фабрики и да се отвораат нови работни места...

Со цел да се унапредат условите за привлекување на странски инвестиции, Владата почна да бара локациии за изградба на најмалку 10 индустриски зони.  Идејата е и во другите општини да се преслика успешниот пример со зоните од Илинден и Битола. Нивното отворање ќе значи и поддршка за домашниот бизнис сектор кој за малку пари ќе може да купи земја со комплетно уредена инфраструктура на која ќе може да градат фабрики и да се отвораат нови работни места.

„Интензивно се работи на определување на локации и се чини веројатно дека овој процес ќе заврши во месец февруари, и потоа по усогласување и потврда од општината на локацијата, ќе изработиме и урбанистички планови кои ќе ги финансира владата, и по нивната изработка веќе во текот на годината ќе може да се отпочне со конкретно формирање на зоните на терен од инфраструктурен и градежен аспект“, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ќе се анализира државно земјиште и тоа со површина поголема од 5 хектари. Тоа ќе резултира со формирање на најмалку десет нови индустриски зони со повеќе од 10 градежни парцели. Земјштето ќе се продава на електронска лицитација со стартна цена од едно евро за метар квадратен.

 

Анита Димитријевска