Почнува судењето за пожарот во Македонски пошти
22.01.2014 11:19
Арменд Фазлиу е единствениот обвинет за пожарот...

Шефот на кабинетот на генералниот директор на Македонски пошти на обвинителна клупа во Кривичниот суд.
Арменд Фазлиу е единствениот обвинет за пожарот што се случи на 15 јануари минатата година.
Уапсен е лани во октомври. Истрагата траеше една година. Вештачењата покажале дека причина за пожарот бил човечки фактор.
Се уште не се откриваат детали.
Во судска постапка треба да се утврди дали пожарот бил подметнат или се случил од небрежност.
Штетата беше проценета на 100 илјади евра. Зградата тогаш не била осигурана. И по една година, опожарениот објект не е во функција.
