Нова средба на партиските претставници со Ванхауте
26.01.2016 10:55
И натаму на средбите доминираат две теми, пречистување на избирачкиот список и реформите во медиумите.

Нова средба на работната група на претставниците на политичките партии со посредникот Питер Ванхауте треба да се одржи денеска попладне во Клубот на пратениците.
И натаму на средбите доминираат две теми, пречистување на избирачкиот список и реформите во медиумите.
Според Ванхауте, има нови предлози од владејачката ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходните ставови на СДСМ.