Сирија: Војската освоила стратешки важен град во Дера

26.01.2016 11:02

Опсерваторијата за човекови права соопштува дека судирите и натаму траат во западните делови на градот Шеик Маскин во јужните делови на земјата.

Сириската војска презела контрола врз стратешки важен град во јужната провинција Дера по жестоки судири со бунтовниците.

Опсерваторијата за човекови права соопштува дека судирите и натаму траат во западните делови на градот Шеик Маскин во јужните делови на земјата.

Сириската војска почна офанзива против бунтовниците во тој град кон крајот на минатиот месец со поддршка од руските и сириските авиони.