Амнестирани над 31.000 затвореници во Кина

26.01.2016 11:30

Одлуката за амнестирање на затворениците била донесена во август минатата година, по повод годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Во Кина се амнестирани 31.527 затвореници, меѓу кои и учесници во граѓанските војни во 30-те и 40-те години од минатиот век. Одлуката за амнестирање на затворениците била донесена во август минатата година, по повод годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Поголем дел од ослободените затвореници биле осудени за криминал, извршен пред тие да наполнат 18 години, а нивните пресуди биле до три годишно отслужување на затворска казна.