Нафтата се симна под 30 долари за барел

26.01.2016 11:32

Причина за загриженоста на трговците е презаситената понуда која наскоро дополнително ќе биде зголемена поради враќањето на иранскиот извоз на нафта.

По дводневен раст цената на суровата нафта на азиските берзи се врати на ниво под 30 долари за барел.

Американската лесна нафта за испораки во март загуби 3 насто од цената и се тргува за 29,43 долари за барел, додека брентот поевтини за 3,74% односно се продава за 29,36 долари за барел. Вчера американската нафта загуби 5,7 а брентот 5,2 насто од вредноста.

Причина за загриженоста на трговците е презаситената понуда која наскоро дополнително ќе биде зголемена поради враќањето на иранскиот извоз на нафта.

Зајакнувањето на американскиот долар исто така придонесе за намалување на побарувачката, затоа што таа стана поскапа за земјите со послаби валути.

Свето Николовски