Аргентина: Шумски пожар во националниот парк Лос Алерсес

26.01.2016 11:40

Досега се уништени 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.

Шумски пожар веќе пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес, во близина на источниот дел на Андите.

Досега се уништени 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.

За гаснење на огнот се ангажирани 250 пожарникари, четири авиони-цистерни и три хеликоптери. Некои од дрвјата во паркот се стари повеќе од илјада години.