Од почетокот на 2016-та издадени над 44 илјади потврди за азил

26.01.2016 12:07

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-22.196, Авганистан-13.766 и Ирак-8.097.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.835 странски државјани, од кои 1.048 се од машки пол, 655 се од женски  и  1.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.597, Авганистан–656  и Ирак-582.

Како што соопштуваат од МВР, од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 44.062 странски државјани, од кои 18.447 се од машки пол, 9.486 се од женски и 16.028 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-22.196, Авганистан-13.766 и Ирак-8.097.

Во истиот период до Секторот  за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 25.01.2016 година евидентирани се вкупно 22 баратели на азил од кои 19 мажи, една жена и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири малолетни лица без придружба на старател   се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.