7.387 матуранти денеска на екстерно тестирање, процесот се одвива непречено

26.01.2016 12:12

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, до овој момент процесот се одвива непречено.

Вкупно 7.387 ученици од завршните години во средното образование денска се опфатени со процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата, соопштуваат од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Според  информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, до овој момент процесот се одвива непречено.

Инаку, оваа фаза од процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците ќе опфати вкупно 19.931 ученици од завршните години во средното образование кои ќе бидат тестирани по 1.662 предмети, за кои беа генерирани и јавно достапни 85.000 прашања.

Прелиминарните резултати од тестирањето ќе бидат објавени на 8 февруари, додека поднесувањето приговори ќе трае до 10 февруари.